четврток, 16. септември 2021. Вести денес: 116
home Хроника

Тешко повредена жена од Штип при пад од трактор

Тешко повредена жена од Штип при пад од трактор
ФОТО ИЛУСТРАЦИЈА

Во полициска станица Штип вчера во 11:30 часот од Клиничка болница Штип било пријавено дека кај нив била донесена В.Д.(57) од село Стар Караорман, штипско.

Околу 10:30 часот во место викано Балабаница жената се здобила со тешки телесни повреди при пад од приколка натоварена со бали на работна машина трактор, управуван од Ф.Д.(55) од село Стар Караорман.

Извршен е увид на местото на настанот. Се работи на расчистување на случајот.

Коронавирус