Хроника

Тешко повредена прилепчанка откако ја удрило патничко возило

Тешко повредена прилепчанка откако ја удрило патничко возило

На 20.03.2024 во 12.00 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека на ул.„Октомвриска“ во Прилеп, патничко возило „цитроен берлинго“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Џ.Р.(49) од с.Црнилиште, удрило во Ц.Х.(75) од Прилеп.

-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Ц.Х., констатирани во Градската болница Прилеп, информира МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Прилеп.

To top