вторник, 13. ноември 2018. Вести денес: 118
home Хроника

Тешко повреден вработен во “Брако”

Тешко повреден вработен во “Брако”

Вчера утрото вработен во „Брако” се здобил со тешки телесни повреди додека работел на машина за обработка на жица.

Од СВР – Велес вчера околу 09.00 часот во ДПТУ „Брако” – погон клинчара, додека лицето Ѓ.Д.(41) од Велес работело на машина за обработка на жица истиот бил вовлечен во машината и приклештен од жицата по што машината автоматски престанала со работа.

Како што појаснува портпаролот Верољуб Додевски, по настанот лицето со возило на Итна медицинска помош било пренесено во ЈЗУ Општа болница – Велес каде му биле констатирани тешки телесни повреди и повредниот работник бил пренесено на лекување на Комплекс клиники „Мајка Тереза” во Скопје.