Велосипедист се здобил со тешки повреди во сообраќајна несреќа која се случила вчера во 13.45 часот на булевар „Кирил и Методиј“ во Скопје.
Од МВР информираат дека патничко возило „Шкода“ со скопски регистарски ознаки, управувано од И.Т.(36) од Скопје, удрило во велосипедистот З.П.(59) од Скопје.
-Притоа, З.П. се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, известуваат од полицијата.
Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.