вторник, 27. јули 2021. Вести денес: 134
home Хроника

Тешко повреден велосипедист во Битола

Тешко повреден велосипедист во Битола
илустрација

На 30.06.2021 во 12:53 часот било пријавено дека во Битола, на раскрсницата од ул.„Климент Охридски“ и ул.„Пеце Матичевски“, патничко возило „фолксваген голф“, со битолски регистарски ознаки, управувано од Т.Т.Н.(30) од Битола удрило во велосипед, управуван од Н.Н.(62) од Битола.

Во незгодата велосипедистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничката болница Битола.

Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Битола.

Коронавирус