петок, 22. ноември 2019. Вести денес: 72
home Хроника

Тешко повреден велешанец по пад од мотор

Тешко повреден велешанец по пад од мотор

На 05.07.2019 година во 15:00 часот било пријавено дека во близина на мост кај с.Башино село С.А.(58) од Велес управувајќи мопед „Лонџија“ со велешки регистарски ознаки паднал од мопедот.

С.А. се здобил со тешки телесни повреди констатирани од страна на лекар од Општата болница во Велес.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Велес и се работи на целосно расчистување на случајот.