вторник, 22. септември 2020. Вести денес: 85
home Хроника

Тешко повреден тракторист

Тешко повреден тракторист
фото илустрација

Шеесет и пет годишниот П.С. од Македонска Каменица со тешки повреди, фрактура на клучна коска и набиеници на градниот кош, вчера попладне бил донесен во Итната медицинска помош.

Имено, П.С. со трактор „Урсус“ се движел по локалниот пат с.Цера-Македонска Каменица, но во еден момент изгубил контрола над тракторот и паднал, додека тракторот продолжил со движење.

-П.С. по укажаната лекарска помош во контактибилна состојба со возило на итна медицинска помош е пренесен во Медицински Центар-Штип, Одделение за ортопедија, од каде е префрлен во Ургентен Центар-Скопје при Комплекс клиники Мајка Тереза, информираат од полицијата.

Увид на лице место извршила екипа од Полициска станица-Делчево.

Коронавирус