среда, 2. декември 2020. Вести денес: 213
home Хроника

Тешко повреден работник, цигла го удри по глава

Тешко повреден работник, цигла го удри по глава

На 30.05.2018 година околу 15:30 часот на ул. „ЈНА“ во Гостивар, во станбена зграда во изградба, при подигање на цигли со електрична дигалка од приземјето до четвртиот кат паднала една цигла која што го погодила по главата Д.П. од Република Албанија.

Повредениот бил пренесен во Медицински центар Гостивар, каде му биле констатирани тешки телесни повреди и поради сериозноста на повредите со медицинско возило бил пренесен во Невролошката клиника при комплексот клиники „Мајка Тереза“-Скопје.

Увид на местото на настанот  извршила екипа од Полициската станица Гостивар. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Коронавирус