четврток, 22. август 2019. Вести денес: 77
home Хроника

Тешко повреден пешак во Скопје

Тешко повреден пешак во Скопје

На 18.04.2019 годинa во 07:45 часот на улица „Варшавска“ патничко моторно возило „Лада“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Т.Ѓ.(48) од с.Волково, скопско, удрило во пешакот Б.И.(48) од Скопје.

Притоа, пешакот се здобил со тешки телесни повреди и му била укажана помош во Клиничката болница „Аџибадем Систина“.

На местото на настанот извршен бил увид од екипа од СВР Скопје.