понеделник, 22. јули 2019. Вести денес: 40
home Хроника

Тешко повреден пешак во Скопје

Тешко повреден пешак во Скопје

Еден пешак тешко повреден во една од осумте сообраќајни несреќи кои вчера се случиле на подрачјето на Град Скопје. Во четири од сообраќајките четворица се здобиле со полесни повреди, а во три направена е материјална штета.

Според дневниот билтен на СВР Скопје, на подрачјето на Скопје изминатото деноноќие полицијата регистрира само едно нерегистрирано возило.

Во текот на денот Одделението за превенција при СВР Скопје ќе реализира едукативни работилници во рамките на проектот „Сообраќајна култура на децата во предучилишните установи“ во ЈУДГ „25 Мај“ објект„ Сонце “ на подрачјето на општина Гази Баба