четврток, 21. ноември 2019. Вести денес: 55
home Хроника

Тешко повреден пешак во Кичево

Тешко повреден пешак во Кичево

На 05.07.2019 година во 10:50 часот било пријавено дека во Кичево на улицата „Маршал Тито“ патничко моторно возило „Волксфаген Поло“ со кичевски регистарски ознаки управувано од А.С.(60) од Кичево удрило во пешакот Л.З.(85) од Кичево.

Во незгодата пешакот се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Медицинскиот центар Кичево за укажување на лекарска помош.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициската станица Кичево и се работи на целосно расчистување на случајот.