недела, 21. јули 2019. Вести денес: 63
home Хроника

Тешко повреден пешак од село Облешево

Тешко повреден пешак од село Облешево

На 02.03.2019 година во 19:05 часот на магистралниот пат Штип-Кочани, кај с.Облешево, се случила сообраќајна незгода во која патничко моторно возило „Опел“ со скопски регистарски ознаки, управувано од П. В. (53) од с.Вељуса-Струмица, удрило во пешакот В. П. (74) од с.Облешево.

Со тешки телесни повреди се здобил В.П.  кој бил пренесен во Клиничка болница-Штип.

По овластување на јавен обвинител, увид на лице место извршила екипа од ПС-Кочани.

Се работи на расчистување на случајот.