сабота, 28. март 2020. Вести денес: 31
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Хроника

Тешко повреден пешак од Радовиш

Тешко повреден пешак од Радовиш

На 20.03.2020 во 18:10 часот било пријавено дека во Радовиш на ул.“Илија Алексов“ патничко моторно возило Опел Корса со радовишки регистарски ознаки управувано од А.Е.(62) од Радовиш удрило во пешакот С.Ј.(60) од Радовиш.

Во незгодата пешакот се здобил со тешки телесни повреди по што бил пренесен во Клиничката болница во Штип за укажување на лекарска помош.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од Полициската станица Радовиш.