вторник, 20. август 2019. Вести денес: 72
home Хроника

Тешко повреден мотоциклист во сообраќајка: Итно пренесен во Клиничката болница Штип

Тешко повреден мотоциклист во сообраќајка: Итно пренесен во Клиничката болница Штип

Вчера во 22.15 часот на улица „Македонија“ во Злетово, пробиштипско, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Фолксваген голф“ со штипски регистарски ознаки, управувано од Х.З.(41) од Злетово и мотоцикл „Лифан“ без регистарски ознаки, управуван од Ф.К.(20) од с.Ратавица, пробиштипско.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мотоциклот, кој бил пренесен во Клиничката болница Штип.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на Полициската станица Пробиштип.