недела, 20. октомври 2019. Вести денес: 0
home Хроника

Тешко повреден мотоциклист од кочанско

Тешко повреден мотоциклист од кочанско
илустрација

Вчера во 11:15 часот на крстосница од магистралниот пат Штип-Делчево и ул.„Гоце Делчев“, на влез во с.Тркање, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „опел тигра“ со кочански регистарски ознаки, управувано од Е.Ш.(37) од Кочани и мотоцикл „хонда“ со кочански регистарски ознаки, управуван од 17-годишен малолетник од с.Соколарци, кочанско.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот и бил пренесен во Јавната здравствена установа Кочани за укажување лекарска помош.

Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Кочани.