вторник, 19. јануари 2021. Вести денес: 0
home Хроника

Тешко повреден мотоциклист донесен на Клиника

Тешко повреден мотоциклист донесен на Клиника

Тешко повреден мотоциклист бил донесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“, информира МВР. Вчера во 17:25 часот на магистралниот пат Кичево-Гостивар, кај село Т.Дол, кичевско, се случила сообраќајна незгода помеѓу мотоцикл „Кавасаки“ со кичевски регистарски ознаки, управуван од 42-годишниот Ќ.А. од село Колибари, кичевско и патничко возило „Ауди А4“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од 24-годишниот С.С. од село Лешница, кичевско.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, кој бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Увид на местото извршила увидна екипа од Полициската станица Кичево.

Коронавирус