среда, 23. октомври 2019. Вести денес: 77
home Хроника

Тешко повреден градежен работник во Гостивар

Тешко повреден градежен работник во Гостивар

На 29.04.2019-та година околу 08:00 часот во Полициската станица Гостивар било пријавено дека на улица „Браќа Блажевски“ во Гостивар А.Ш.(45) од с.Градец, гостиварско, изведувајќи градежни работи во зграда, паднал од висина од околу 3,5 метри.

По укажаната лекарска помош во Ургентниот центар во Гостивар, тој бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициската станица Гостивар и се работи на расчистување на настанот.