сабота, 31. октомври 2020. Вести денес: 0
home Хроника

Тешко повреден битолчанец, откако во него удрил автомобил

Тешко повреден битолчанец, откако во него удрил автомобил

Вчера во 14:40 часот на крстосница од улиците „Козјак“ и.„Караорман“ во Битола, патничко возило „мерцедес“, со битолски регистарски ознаки, управувано од С.Д.(48) од Битола, удрило во пешак Х.Р.(61) од Битола.

Во незгодата, пешакот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Битола, каде што бил пренесен за укажување на лекарска помош.

За настанот бил известен Јавен обвинител, а увид извршила екипа од СВР Битола.

Коронавирус