сабота, 6. јуни 2020. Вести денес: 93
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Хроника

Тешка сообраќајна несреќа во Виница, две лица со тешки повреди итно пренесени во Скопје

Тешка сообраќајна несреќа во Виница, две лица со тешки повреди итно пренесени во Скопје

Вчера во 04.28 часот на ул. „Индустриска“ во Виница се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Форд фиеста“ со винички регистарски ознаки, управувано од М.Д.(58) од Виница и товарно возило „Ман“ со скопски регистарски ознаки со полуприколка „Кроне“ со винички регистарски ознаки,, управувано од Д.З.(24) од село Трсино, виничко.

Притоа, со тешки телесни повреди се здобиле двајцата возачи и со возила на Итна медицинска помош биле пренесени во болницата во Кочани, од каде биле препратени во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Виница.

Коронавирус