четврток, 22. октомври 2020. Вести денес: 0
home Хроника

Тешка сообраќајна несреќа во тетовско- две лица повредени

Тешка сообраќајна несреќа во тетовско- две лица повредени

Тешка сообраќајна несреќа се случила во тетовско. Како што стои во билтентот на МВР, вчера во 13,35 часот на регионалниот пат с.Пршовце – с.Јегуновце-Тетово, пред сепарацијата за бетон , се случила сообраќајна незгода во која патничко моторно возило „Сеат Леон“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Ќ. Н. (33) од с.Копанце-Тетово, излетало од патот. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката Ф.О., додека Ќ.Н. и сопатничката А.О. се здобиле со телесни повреди и по укажаната лекарска помош во КЦ-Тетово се пуштени на домашно лекување.

Увид извршила екипа од ПС за БПС-Тетово.

Коронавирус