вторник, 20. октомври 2020. Вести денес: 134
home Хроника

Тешка сообраќајна несреќа кај Св. Еразмо

Тешка сообраќајна несреќа кај Св. Еразмо

Тешка сообраќајна несреќа се случи претпладнево на магистралниот пат Охрид – Кичево кај Св. Еразмо. Се судриле две патнички возила, кои излетале од патот.

-Портаролот на СВР Охрид, Стефан Димовски, ја потврди информацијата за OhridNews.

Тој истакна дека во несреќата има повредени кои се пренесени во општата болница во Охрид и во специјалната болница Св. Еразмо. Засега не е познат карактерот на нивните повреди.

На местото на настанот во тек е увид, а сообраќајот се одвива по една коловозна лента.

Коронавирус