сабота, 16. јануари 2021. Вести денес: 93
home Хроника

Тешка сообраќајка во Велес- Mаж со Брза помош однесен во болница, едно лице приведeно

Тешка сообраќајка во Велес- Mаж со Брза помош однесен во болница, едно лице приведeно

Маж се здобил со тешки телесни повреди при сообраќајна несреќа во Велес. Според информациите на МВР, вчера во 10:00 часот на ул. „Гоце Делчев“ се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Ауди А3“ со велешки регистарски ознаки, управувано од 41-годишниот Н.Т. од Велес и мопед со велешки регистарски ознаки, управуван од 61-годишниот З.М. од Велес.

Од незгодата со тешки телесни повреди се здобил З.М., кој со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во болницата во Велес. По незгодата, возачот на возилото не застанал, но во 14:00 часот бил пронајден и приведен. Увид на местото извршила екипа од СВР Велес.

Коронавирус