петок, 24. септември 2021. Вести денес: 124
home Хроника

Тешка сообраќајка во Топанско: Малолетник управувал автомобил, повредени две лица

Тешка сообраќајка во Топанско: Малолетник управувал автомобил, повредени две лица

На 19.07.2021 во 22.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од ул.„Македонско-косовска бригада“ и ул.„Втора македонска бригада“ се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „форд фокус“, со скопски регистарски ознаки, управувано од 16-годишник од с.Блаце, скопско, и мотоцикл „лифан“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Р.Х.(23) од Скопје, информира МВР.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот од мотоциклот, Џ.Х.(23) од Скопје, а со телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје.

Коронавирус