среда, 19. декември 2018. Вести денес: 0
home Хроника

Тешка сообраќајка во струмичко, возач загина на лице место

Тешка сообраќајка во струмичко, возач загина на лице место

Возач го загуби животот во сообраќајна несреќа која се случила вчера во 21,50 часот на магистралниот пат Струмица — село Ново Село., поточно на влезот во село Босилово.

-Патничко моторно возило “Опел Корса“ со скопски регистерски ознаки управувано од М.Р.(37) од село Еднокуќево, струмичко излетало надвор од патот и се превртело. Во незгодата на местото на настанот починал М.Р, информираат од полицијата.

Извршен е увид на местото на настанот.