недела, 27. септември 2020. Вести денес: 65
home Хроника

Тешка сообраќајка во струмичко, едно лице го загуби животот

Тешка сообраќајка во струмичко, едно лице го загуби животот

Едно лице го загуби животот во сообраќајна несреќа која се случила вчера околу 18.30 часот.

Несреќата, како што информираат од МВР, се случила на регионалниот пат с.Ново Село-с.Мокрино, струмичко кога патничко возило „Тојота Корола“ со струмички регистарски ознаки, управувано од  Е.Д.(69) од с.Мокрино, излетало од коловозот.

Во сообраќајката со тешки телесни повреди се здобил возачот, кој бил пренесен во болницата во Струмица каде починал.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Струмица.

Коронавирус