четврток, 24. септември 2020. Вести денес: 35
home Хроника

Тешка сообраќајка во Струга: Повредени три лица, меѓу нив и полицаец

Тешка сообраќајка во Струга: Повредени три лица, меѓу нив и полицаец

На 05.09.2020 во 12:10 часот било пријавено дека на ул.„Маркс и Енгелс“ во Струга се  случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „фолксваген голф“ со  струшки регистарски ознаки, управувано од Љ.А.(64) од Струга, патничко моторно возило „ауди“ со струшки регистарски ознаки, управувано од А.Ф.(29) од с.Радолишта,струшко, и патничко моторно возило „шкода јети“ со полициски регистарски ознаки управувано од полициски службеник.

Во незгодата со повреди се здобиле Љ.А., А.Ф. и полицискиот службеник, кои биле пренесени во Медицински центар Струга за укажување на лекарска помош.

За настанот е запознаен јавен обвинител, а увид на местото на настанот извршила екипа од Полициска станица Струга.

Коронавирус