четврток, 14. ноември 2019. Вести денес: 0
home Хроника

Тешка сообраќајка во скопско, струмичанец итно пренесен во Клинички

Тешка сообраќајка во скопско, струмичанец итно пренесен во Клинички

Сообраќајна несреќа во која едно лице е тешко повредено се случила утринава во 03.10 часот на локалниот пат с.Јурумлери-н.Хиподром.

-Сообраќајната незгода се случила помеѓу патничко моторно возило „мерцедес ц220“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.М.(31) од Крива Паланка и мопед „кимко“ со скопски регистарски ознаки, управуван од М.К.(33) од Струмица, со живеалиште во Скопје. информираат од МВР.

Во незгодата мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во комплексот клиники “Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Скопје.