среда, 27. октомври 2021. Вести денес: 163
Во живо

Мини митинг на ВМРО-ДПМНЕ во Злетово

home Хроника

Тешка сообраќајка во скопско, повредени две лица

Тешка сообраќајка во скопско, повредени две лица

Две лица, од кои едно потешко, се повредени во сообраќајна несреќа која вчера во 15.10 часот се случила на крстосница од ул.Александар Урадаревски, локален пат за с.Мирковци и локален пат за с.Бразда.

Во несреќата учествувале автомобил „опел“ со скопски регистарски ознаки, управуван од И.В.(34) од с.Мирковци,скопско и автомобил „шкода“ со скопски регистарски ознаки, управуван од З.С.(56) од Скопје.

-По несреќата, З.С. е пренесен во комплекс клиники „Мајка Тереза“, каде од доктор му се констатирани тешки телесни повреди, додека И.В. е пренесен во градска општа болница „Св.Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош, информира МВР.

Увид на лице место извршила екипа од СВР Скопје.

Локални избори 2021