понеделник, 10. август 2020. Вести денес: 157
home Хроника

Тешка сообраќајка во скопско: Малолетник возел Ауди, повредена сопатничката

Тешка сообраќајка во скопско: Малолетник возел Ауди, повредена сопатничката

Сообраќајна несреќа во која едно лице е тешко повредено се случила вчера околу 15:30 часот на локалниот пат с.Брњарци-с.Стајковци, скопско.

Во незгодата учествувале автомобил „Ауди А4“ со скопски регистарски ознаки управуван од 17 годишен малолетник од с.Арачиново и автомобил “Опел астра“ со скопски регистарски ознаки управувано од М.Т.(20) од Скопје.

-Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката М.Ј. во патничко моторно возило “Ауди А4“ која со возило на итна медицинска помош била пренесена во Комплекс клиники “Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош, информираат од МВР.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.

Коронавирус