недела, 1. август 2021. Вести денес: 119
home Хроника

ТЕШКА СООБРАЌАЈКА ВО СКОПСКО: Малолетник со мопед се судри со пикап

ТЕШКА СООБРАЌАЈКА ВО СКОПСКО: Малолетник со мопед се судри со пикап

Малолетник е тешко повреден во сообраќајна несреќа која се случила вчера во 14:15 часот на локалниот пат Скопје – с.Пакошево.

Од МВР информираат дека мопед „баотиан“, со битолски регистарски ознаки, управуван од малолетник од с.Зелениково се судрил со товарно возило „пежо партнер“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Н.Ѓ.(65) од с.Зелениково.

-Во незгодата малолетникот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, велат од полицијата.

Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје.

Коронавирус