петок, 18. септември 2020. Вести денес: 45
home Хроника

Тешка сообраќајка во Скопје, повредени три лица

Тешка сообраќајка во Скопје, повредени три лица

Три лица се повредени во сообраќајна несреќа која вчера утрината се случила на крстосницата од бул.„Србија“, бул.„Трета македонска бригада“ и бул.„Дванаесетта македонска бригада“ во Скопје.

Во несреќата, како што информираат од полицијата учествувале  „фолксваген пасат“ управуван од Ј.В.(38) од Скопје, „форд фокус“  управуван од М.С.(29) од Скопје и „рено“  управувано од С.Т.Б.(58) од Скопје.

-Во незгодата тројцата возачи се здобиле со телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ и Комплекс клиники „Мајка Тереза“, нагласуваат од МВР.

Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје.

Коронавирус