среда, 27. јануари 2021. Вести денес: 147
home Хроника

Тешка сообраќајка во Скопје, повредени четири лица

Тешка сообраќајка во Скопје, повредени четири лица

Сообраќајна незгода се случила вчера во 14:20 часот на ул.„Јустинијан Први“ во Скопје.

Несреќата се случила помеѓу автомобил „дачиа сандеро“, со скопски регистарски ознаки, управуван од И.Ј.(45) од Скопје и товарно возило „пежо“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Ј.В.(39) од Скопје, во која бил удрен и пешакот М.С.К.(28) од Скопје.

-Во незгодата, со тешки телесни повреди се здобил сопатникот од возилото „дачиа сандеро“ А.Б.(60), а со телесни повреди се здобиле возачот И.Ј., сопатничка од истото возило М.Б.(49) и пешакот М.С.К., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје.

Коронавирус