четврток, 22. април 2021. Вести денес: 88
home Хроника

Тешка сообраќајка во Скопје – двајца на Ургентен

Во 15 часот и 20 минути во текот на вчерашниот ден на улицата „Воин Драшковци“ во Скопје, во близина на крстосницата со улицата „Ибе Паликуќа“, се случила сообраќајна незгода.
Тешка сообраќајка во Скопје – двајца на Ургентен

Полицијата денеска информира дека настанал судар меѓу патничко возило „Опел тигра“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 35-годишниот Д.П. од Скопје и патничко возило „Фиат пунто“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 21-годишната Х.Ѓ. од Скопје.

Во незгодата со повреди се здобиле двајцата возачи, кои со возило на Итна медицинска помош биле пренесени во Ургентен центар.

Кај Х.Ѓ. биле констатирани телесни повреди и била пуштена на домашно лекување, додека кај Д.П. биле констатирани тешки телесни повреди и бил задржан на понатамошно лекување.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР-Скопје

Коронавирус