среда, 28. октомври 2020. Вести денес: 106
home Хроника

Тешка сообраќајка во ресенско: Три лица повредени од кои две деца

Тешка сообраќајка во ресенско: Три лица повредени од кои две деца

Три лица се здобиле со повреди во сообраќајна несреќа која вчера околу 14.15 часот се случила на локалниот пат за с.Долна Бела Црква-Ресен.

Во несреќата, како што информираат од полицијата, учествувале „Мерцедес“  со охридски регистарски ознаки, управуван од Џ.М. (46) од ресенско Јанковец и „Југо“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Б.Т. (62) од Ресен.

-Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле возачот Б.Т.  и осумгодишно момче, сопатник во патничкото возило од с.Царев Двор, ресенско, додека двегодишно девојче се здобилo со телесни повреди. Сите тројца биле задржани на понатамошно лекување во Клиничката болница Битола, информираат од МВР.

Увид на местото на настанот извршила екипа од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Ресен.

 

Коронавирус