среда, 28. октомври 2020. Вести денес: 148
home Хроника

Тешка сообраќајка во Ранковце, повредени три лица

Незгодата се случила во 15:30 часот на магистралниот пат А2  Куманово – Крива Паланка кај село Псача кога патничко моторно возило „цитроен АХ“ со кумановски регистарски ознаки управувано од Љ.Ј. (1978) изгубил контрола и удрил во товарно возило.
Тешка сообраќајка во Ранковце, повредени три лица

Во сообраќајна незгода која се случи попладнево кај село Псача, општина Ранковце, три лица се здобиле со телесни повреди.

Незгодата се случила во 15:30 часот на магистралниот пат А2  Куманово – Крива Паланка кај село Псача кога патничко моторно возило „цитроен АХ“ со кумановски регистарски ознаки управувано од Љ.Ј. (1978) изгубил контрола и удрил во товарно возило.

Патничкото моторно возило се движело од Куманово кон Крива Паланка при што на кривина возачот изгубил контрола и удрил во товарно моторно возило „волво“ со украински регистарски таблички, управувано од И.Х., (1969), кој се движел во спротивна насока.

Со телесни повреди во незгодата се здобиле возачот на патничкото моторно возило и двајца сопатници Б.С. (1975) и Р.Н. (1983).

Сообраќајот беше во прекин до 16:45 часот, информираше портпаролот на СВР Куманово, Живкица Чавдаревиќ.

Коронавирус