петок, 15. октомври 2021. Вести денес: 229
home Хроника

Тешка сообраќајка во охридско: Загина маж, три лица повредени

Тешка сообраќајка во охридско: Загина маж, три лица повредени

Едно лице го загуби животот, а три се повредени меѓу кои и 13 годишно дете во сообраќајна несреќа која синоќа околу 2:30 часот се случила на магистралниот пат Охрид-Ресен кај село Опеница.

Од полицијата информираат дека во несреќата учествувале „Фиат Мареа“ со охридски регистерски таблици управувано од С.М.(21) од с.Оровник-општина Дебарца и „Фиат Пунто“ управувано од Т.К.(63) од с.Лескоец-охридско.

-Во сообраќајната незгода на местото на настанот починал совозачот во возилото „Фиат Пунто“ К.М. (50) од с.Лескоец -Охрид, а со телесни повреди се здобиле возачот Т.К. и уште двајца сопатници од истото возило – М.М.(38) и едно 13 годишно дете.

На местото на настанот бил извршен увид од страна на увидна екипа од СВР-Охрид и се работи на целосно расчистување на случајот.

Коронавирус