среда, 26. јануари 2022. Вести денес: 101
АКТУЕЛНО

Активни над 20.800 случаи на коронавирус

home Хроника

Тешка сообраќајка во Охрид, едно лице загина

Тешка сообраќајка во Охрид, едно лице загина

Во текот на вчерашниот ден во 18:30 часот било пријавено дека во Охрид, на крстосницата од улицата „Абаз Емин“ со улицата „Железничка“ моторцикл „Јамаха“ со битолски регистерски таблици, управуван од С.И. (36) од Охрид, удрил во пешакот Р.С. (52) од Охрид, а потоа и во патничко моторно возило „Фолксваген пасат“ со охридски регистерски таблици, управуван од Ф.Б. (58) од Охрид, информираат од МВР.

Во незгодата на самото место починал С.И., а со тешки телесни повреди се здобил пешакот Р.С. кој бил пренесен во болницата “Свети Еразмо“-Охрид за укажување на лекарска помош. Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од СВР-Охрид. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено за обдукција.

Коронавирус