вторник, 28. март 2023. Вести денес: 111
home Хроника

Тешка сообраќајка во Кочани- три лица пренесени во болница

Тешка сообраќајка во Кочани- три лица пренесени во болница
фото-илустрација

Во 20.15 часот на улица „Гоце Делчев“ во населба Оризари во Кочани се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Ровер“ со кочански регистарски ознаки, управувано од 18-годишниот И.С. од Кочани и патничко возило „Сеат“ со кочански регистарски ознаки, управувано од 43-годишниот С.Н. од Кочани.

Во незгодата со тешки телсни повреди се здобиле двајцата возачи и сопатникот во возилото „Сеат“, М.Н.(32) од Кочани. По укажаната помош во Јавната здравствена установа, С.Н. и М.Н. биле препратени во Медицински центар Штип, додека И.С. бил препратен во комплексот клиники „Мајка Тереза“-Скопје.

Сопатникот во возилото „Ровер“, А.Н.(27) од Кочани се здобил со телесни повреди и му била укажана помош во ЈЗУ-Кочани.

Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Кочани.

loading...