Хроника ова се деталите

Тешка сообраќајка во Кисела Вода, повредени шест лица

Шест лица се полесно повредени во сообраќајна несреќа која вчеравечер се случи на крстосница од бул.„Борис Трајковски“ и ул.„Народни Херои“ во Кисела Вода.

Во несреќата, информира МВР, учестувале автомобил „мерцедес“ со италијански национални ознаки, автомобил „ауди“ со скопски регистарски ознаки управуван од Б.С.(43) од Скопје и автомобил „ауди“ со скопски регистарски ознаки управуван од Т.А.(41) од с.Батинци-скопско.

-Во незгодата со телесни повреди се здобиле двајцата возачи и четворица сопатници од двете возила „ауди“ констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ и Комплексот клиники „Мајка Тереза“, велат од МВР за Курир.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

To top