сабота, 24. октомври 2020. Вести денес: 83
home Хроника

Тешка сообраќајка во Дебар маало, има повредени (ФОТО ГАЛЕРИЈА)

Тешка сообраќајка во Дебар маало, има повредени (ФОТО ГАЛЕРИЈА)

На крстосница на улиците „Аминта Трети“ и „Орце Николов“ во скопско Дебар Маало утрово се случи сообраќајка несреќа во која има повредени лица.

Се судрија автомобили „Фиат линеа“ и „Цитроен Ц3“. Повредените лица со возило на брза помош се пренесени на некоја од скопските болници.

На местото на несреќата е присутно возило и на Противпожарната служба.

Сообраќајот привремено е во прекин.

(Миа)

Коронавирус