петок, 15. јануари 2021. Вести денес: 192
home Хроника

Тешка сообраќајка во Чаир, усмртен пешак

Тешка сообраќајка во Чаир, усмртен пешак

Тешка сообраќајна несреќа во која едно лице го загуби животот се случила вчера околу 20 часот на улицата „Кемал Сејфула“ во скопски Чаир.

Од полицијата информираат дека патничко возило „Ауди А3“ со турски национални ознаки, управувано од Џ.Ш. (28) од Скопје, удрило во пешакот И.К. (55) од Скопје.

-Од ударот, И.К. се здобил со тешки телесни  и со возило на Итна медицинска помош бил префрлен во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“-Скопје, каде по кратко време починал, информираат од МВР.

Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и екипа од СВР Скопје. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено за обдукција.

 

Коронавирус