недела, 19. септември 2021. Вести денес: 83
home Хроника

Тешка сообраќајка во Битола: Се судрија автобус и автомобил

Тешка сообраќајка во Битола: Се судрија автобус и автомобил

Сообраќајна несреќа во која учествувале автомобил и автобус се случила вчера во 22.40 часот во Битола, на ул.„Македонска фаланга“.

Од полицијата информираат дека во несреќата учествувале автомобил „хундаи“ со битолски регистарски ознаки, управуван од Н.Т.(41) од Горно Оризари и автобус „ман“ со битолски регистарски ознаки, управуван од Т.Д.(54) од Битола.

-Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот Н.Т., додека со повреди се здобила сопатничката во автобусот К.Н.(25) од Битола, на кои им била укажана лекарска помош во Клиничка болница Битола, информира МВР.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Битола.

Коронавирус