понеделник, 25. јануари 2021. Вести денес: 104
home Хроника

Тешка сообраќајка вчера во скопско, загинал мотоциклист од Кадино

Тешка сообраќајка вчера во скопско, загинал мотоциклист од Кадино

Вчера околу 19 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје било пријавено дека на локалниот пат село Кадино – село Марино се случила сообраќајна незгода вo која учествувале патничко моторно возило „Алфа Ромео“ со скопски регистерски ознаки управувано од А.Ѓ. (37) од село Петровец, скопско и моторцикл „Сузуки“, управуван од Т.В. (32) од село Кадино, скопско.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил Т.В. и со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Градската општа болница “Свети Наум Охридски“ каде во 22 часот починал. А.Ѓ. и сопатникот од возилото Н.Б. (44) биле пренесени во комплекс клиники „Мајка Тереза“ и од страна на лекар на возачот му биле констатирани тешки телесни повреди, а на сопатникот телесни повреди.

Извршен е увид на местото на настанот. Се работи на расчистување на случајот.

Коронавирус