недела, 17. јануари 2021. Вести денес: 74
home Хроника

Тешка сообраќајка утринава во Гази Баба, маж почина на лице место

Тешка сообраќајка утринава во Гази Баба, маж почина на лице место

Едно лице го загуби животот во сообраќајна несреќа која се случила утринава вo 08.15 часот на улица „Благоја Стефковски“ во Гази Баба.

Од МВР информираат дека сообраќајна незгода била помеѓу патничко возило „Форд“ со струмички регистарски ознаки, сопственост на правно лице од село Колешино, струмичко, а управувано од М.Г.(35) од Скопје и патничко возило „Фиат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од В.М.(58) село Трубарево, скопско.

-Возачот на возилото „Фиат“-В.М. починал на местото, а смртта е констатирана од лекар од Итна медицинска помош, информираат од МВР.

Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.

Коронавирус