сабота, 24. октомври 2020. Вести денес: 32
home Хроника

Тешка сообраќајка утринава кај Железничка, повредени две лица

Тешка сообраќајка утринава кај Железничка, повредени две лица

Две лица се повредени во сообраќајна несреќа која рано утринава се случила кај Железничката станица Скопје.

Од МВР за Курир велат дека сообраќајката кај нив е пријавена во 3:35 часот, а истата се случила на крстосницата од булеварите „Никола Карев“ и „Кузман Јосифовски Питу“.

-Во несреќата учествувале автомобил „Форд фокус“ управуван од Д.С. (23) од Скопје и „Мерцедес“ управуван од 23 годишниот скопјанец В.Н.. Повредени се две лица кои се пренесени во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“, информираат од МВР за Курир.

Полициски екипи излегле на терен за извршување на увид.

 

 

Коронавирус