недела, 29. ноември 2020. Вести денес: 2
home Хроника

Тешка сообраќајка синоќа во Козле, повредени четири лица

Тешка сообраќајка синоќа во Козле, повредени четири лица

Четири лица од кои едно потешко, се повредени во сообраќајна несреќа која се случила синоќа во Козле.

Од полицијата информираат дека на крстосницата од ул.„Mилан Марковиќ“ и ул.„Ловќенска“ се случила сообраќајка помеѓу „фолксваген“, со скопски реистарски ознаки, управувано од Д.М.(21) од Тетово и „мерцедес“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Р.(41) од Скопје.

-Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила сопатничка од возилото „мерцедес“, Е.А.(62), а со телесни повреди се здобиле двајцата возачи и уште еден сопатник од возилото „мерцедес“, Ч.М.(59), по што биле пренесени во клиниката „Аџибадем Систина“, Градската општа болница „Свети Наум Охридски“ и Градската општа болница „8-ми Септември“ за укажување на лекарска помош, информираат од МВР.

Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје.

Коронавирус