среда, 2. декември 2020. Вести денес: 0
home Хроника

Тешка сообраќајка: Повредени четири лица

Тешка сообраќајка: Повредени четири лица

На 06.06.2018 година вo 00:05 часот на магистралниот пат Македонска Каменица – Делчево дошло до судир помеѓу патничко возило „Застава 125“ со штипски регистарски ознаки, управувано од В.П. (39) од Делчево, и патничко возило „Шкода“ со регистарски ознаки од Македонска Каменица, управувано од А.Л. (25) од Македонска Каменица.

Од судирот со тешки телесни повреди  се здобил возачот на возилото „Застава 125“ и сопатникот И.Н.(40) од Делчево.

Тие биле препратени во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје. Возачот на возилото „Шкода“ и сопатникот Ѓ.С. (25) од Македонска Каменица се здобиле со телесни повреди.

Увид на местото на настанот извршила екипа на Полициската станица Делчево.

Коронавирус