понеделник, 30. март 2020. Вести денес: 77
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Хроника

Тешка сообраќајка на Плетвар: Се судрија два камиони, пожарникари го сечат еден од камионите за возачот да излезе (ФОТО ГАЛЕРИЈА)

Тешка сообраќајка на Плетвар: Се судрија два камиони, пожарникари го сечат еден од камионите за возачот да излезе (ФОТО ГАЛЕРИЈА)

Тешка сообраќајка денеска се случи на Плетвар. Според информациите во неа учествувале две товарни возила.

Како што пишува Прес24 еден од возачите е заглавен во една од кабините и чекал пожарникарите да го исечат лимот за да може да излезе.

-Од 13:45 часот на Плетвар поради сообраќајна незгода сообраќајот е блокиран во двата правци, соопшти Автомото сојузот на Македонија.