четврток, 3. декември 2020. Вести денес: 181
home Хроника

Тешка сообраќајка на патот Велес-Штип, едно лице загинало, најмалку 10 повредени

Тешка сообраќајка на патот Велес-Штип, едно лице загинало, најмалку 10 повредени

Вечерва околу 20 часот на магистралниот пат Велес-Штип, кај клучката кај Ново Село се случи сообраќајна несреќа, потврди портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски за „Слободен печат“.

Во директниот судир помеѓу товарно комбе со скопски регистарски таблички и патнички автобус со кратовски регистарски таблички, загинало едно лице. Околу 10 лица се повредени и се згрижуваат во Градската болница во Велес.

Во моментов приоритет е згрижувањето на повредените, а откако тоа ќе заврши следува увид на местото на несреќата за да се утврдат причините.

Коронавирус