понеделник, 21. јуни 2021. Вести денес: 142
home Хроника

Тешка сообраќајка на патот Велес-Штип, автомобил излета од коловозот

Тешка сообраќајка на патот Велес-Штип, автомобил излета од коловозот

Сообраќајна несреќа во која едно лице е повредено се случила вчера во 16.50 часот на магистралниот пат Велес – Штип.

-В.С.(47) од с.Лозово, управувајќи патничко возило „опел корса“, со штипски регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од коловозот. Во незгодата, возачот се здобил со тешки телесни повреди, по што бил пренесен во Општата болница Велес за укажување на лекарска помош, информираат од МВР.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од Полициската станица Свети Николе.

ЕУРО 2020

Македонија